More

    Ковачевски од Мечкин Камен им оддаде почест на илинденците

    spot_img

    Премиерот Димитар Ковачевски во своето обраќање од Мечкин Камен по повод Денот на Републиката порача дека Илинден е нашата сила и за современа, модерна, економски развиена и европска Република Северна Македонија.

    Даваме збор, додаде тој, дека илинденската и асномската идеја за светла и перспективна македонска иднина, ја имаат пред себе и генерациите на денешнината и од неа нема назад, има само напред.

    – Како илинденците и како асномците во 1944 година и денес во 2022 година во различно време но повторно заедно и повторно со иста цел пред себе, светла иднина, сигурност и перспективи – рече Ковачевски.

    Честитајќи го празникот, премиерот рече дека денеска на Мечкин Камен стоиме исправено во чест на нашето минато и оддаваме длабока почит на илинденците кои пред повеќе од еден век ја создадоа Крушевската република заснована врз длабоки демократски принципи и еднаквост „и даваме збор, идејата илинденска и асномска за светла и перспективна македонска иднина и генерациите на денешнината ја имаат пред себе и од неа нема назад, има само напред“.

    – Водени од погледот кон иднината на илинденците и асномците создадовме слободна, суверена, независна и самостојна Македонија со сопствен и неоспорен идентитет. Уште одѕвонуваат зборовите на нашиот претседател Киро Глиговор од таа вечер: Ви ја честитам слободна, суверена и самостојна Македонија со којшто е објавено и потврдено на сонот за слободна и самостојна држава – рече меѓу другото премиерот.

    Овие зборови, посочи, ќе останат запаметени во историскиот континуитет на македонската држава.

    На Мечкин Камен, во рамки на одбележувањето, цвеќе положија бројни делегации.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img