More

    Ковачевски очекува пратениците да ги поддржат уставните измени

    spot_img

    Почнато е новото поглавје на нашиот европски пат во кое треба да се случат натамошни реформи за остварување на стратешката цел – полноправно членство во ЕУ. Шансата што ја имаме не смееме да ја пропуштиме, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски на заедничката прес-конференција со француската државна секретарка за Европа, Лоранс Бун.

    Како што рече Ковачевски, македонскиот тим е подготвен, има знаење и експертиза и ќе го заврши скринингот во предвидениот рок од 14 месеци.

    – Владата донесе храбри одлуки, процесот на преговорите беше мачен, но фактот дека излеговме од него како земја која се избори за своите позиции, нѐ прави посебно горди – истакна премиерот.

    Тој се осврна и на уставните измени, изразувајќи очекување дека пратениците ќе покажат, како што рече, државничко однесување и ќе го поддржат нивното донесување.

    – Остануваат уставните измени, знам дека одлуката на пратениците не е лесна, но очекувам да покажат државничко однесување. Секако дека имаат избор да остават се како што било, да ја остават земјата во стагнација и неизвесност, но уверен сум дека ќе бидат на ниво на задачата со цел подобра иднина за сите нас и за идните генерации. Пратениците се претставници на граѓаните, а граѓаните сакаат да бидат дел од ЕУ заради севкупните општествени придобивки, економскиот напредок и демократијата – рече премиерот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img