More

    Ковачевски на регионалниот самит на НАТО во Скопје

    spot_img

    Нашата домашна задача е да продолжиме да работиме забрзано и посветено до целосно интегрирање во ЕУ, како што тоа го направивме со интегрирањето во НАТО Алијансата. Членството во ЕУ е наша цел и ние немаме друга алтерантива, потенцираше премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција по завршувањето на неформалниот состанок на лидерите на НАТО сојузниците од регионот на којшто домаќини беа Ковачевски и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

    На состанокот присуствуваа и премиерот на Албанија Еди Рама, премиерот на Црна Гора Милојко Спајиќ и претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ.

    Во фокусот на разговорите помеѓу лидерите беа актуелните прашања кои се од значење за НАТО како и прашања кои се однесуваат на стабилноста и безбедноста на регионот.

    Одговарајќи на новинарско прашање Ковачевски рече дека безбедносната ситуација во земјава е стабилна и не постојат никакви индиции за какво било нејзино нарушување.

    – Нивото на информации, кое што безбедносните служби на нашата држава ги имаат, а истите се дел од безбедносните служби на НАТО и информациите ги споделуваат со партнерските безбедносни служби, е на ниво кое што е незамисливо за оние кои не се во детали вклучени во вакви прашања – рече Ковачевски.

    Според премиерот, инвеститорите од европските земји и од САД во Северна Македонија и во регионот препознаваат место каде можат да ги инвестираат своите пари и со тоа да обезбедат подобро платени работни места и зголемување на животниот стандард на граѓаните.

    – Како сојузници, како демократи, како прогресивни лидери градиме еден нов регион и постојано го унапредуваме. Тоа дефинитивно може да се каже и за Северна Македонија која одамна е пример за соживот, за мирно решавање на спорови преку дијалог, преку реформирање и практицирање на демократија и инклузивност во носењето на одлуките – рече Ковачевски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img