More

    Ковачевски: Мило ми е што македонски граѓани, вклучително и господинот Мицкоски и господинот Апасиев, имаа можност слободно да одат и да се радуваат на отворање на македонски културен клуб во Бугарија

    spot_img

    Мило ми е што македонски граѓани, вклучително и господинот Мицкоски и господинот Апасиев, имаа можност слободно да одат и да се радуваат на отворање на македонски културен клуб во Бугарија. Сметам дека тоа е една од придобивките на договорот што го направивме со соседна Бугарија и со почетокот на преговорите со Европската Унија и среќен сум што дури и опозицијата го праизнава тоа. Единствено што барам е да покажуваме сокогаш добрососедски односи и да нема тензии или непотребно конфликти кога се прават посети помеѓу двете држави или посети со било која држава – изјави премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес конференција.

    На прашање зошто и самиот не присуствуваше на отворањето на клубот „Никола Вапцаров“ во Благоевград, Ковачевски рече дека прво, денеска имал важна седница на владата посветена на мерките за помош на прехранбената индустрија, и второ, како што рече, затоа што владата следната недела ќе поднесе официјално барање до владата на Бугарија со цел отворање на културно информативен центар на Северна Македонија, такви какви што имаме во Софија, Тирана, Сараево, каде што ќе можат сите граѓани кои се самоопределуваат како Македонци, да го посетуваат, да се запознаваат со нашата култура, литература и се она што значи македонско наследство. Тоа ќе биде државен културно-информативен центар и тоа ќе биде негово име, рече Ковачевски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img