More

    Ковачевски и Ахмети го убедувале Гаши да му отстапи функција на Таравари, ама налетале на тврд орев

    spot_img

    Извори на Телевизија 24 велат дека во Владата се одржала тајна средба на која премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, го убедувале третиот коалиционен партнер – Африм Гаши, претседателот на Алтернатива, дека Алијанса за Албанците треба да влезе во владеачкото мнозинство за да го стабилизира владејачкото мнозинство и со тоа да се обезбеди постојан кворум во блокираното Собрание.

    Гаши не бил убеден во овие мотиви и рекол дека „тој што му гори под нозе, да му отстапи министерства на Таравари“, алудирајќи на ДУИ каде што голем притисок прави т.н. „Огнена група“.

    Средбата се одржала во кабинетот на Ковачевски, а информацијата ја потврдува висок партиски функционер од Алтернатива.

    Гаши, како што објави телевизијата, прашал која е потребата од влегувањето на Алсијанса за Албанците во Владата и ги потсетил коалициските партнери дека токму тој и Алтернатива кога било најгусто ја спасиле Владата на сметка на нивниот рејтинг, но и дека дел  од нивниот договор сѐ уште не го исполниле и дека сѐ уште не се поставени 15 договорени кадровски решенија.

    Не се исклучува денеска повторно владејачката тројка да се види во Собранието бидејќи Ковачевски ќе биде на пратенички прашања, а Ахмети и Гаши се пратеници.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img