More

    Ковачевски бара одговорност за случајот „Онишченко“

    spot_img

    Нема да отстапам од барањето одговорност за направениот пропуст. Одговорот за причините ќе ги даде истрагата што треба да се спроведе во АНБ и соодветниот извештај. Штом ќе има извештај, мора да има и одговорност за тоа што е направено, изјави премиерот Димитар Ковачевски во врска со случајот „Онишченко” за доделувањето македонско државјанство на Украинецот Олександар Онишченко, кој е на црната листа на САД.

    Одговарајќи на новинарски прашања, Ковачевски истакна дека не е само непријатно изненаден, туку и „огорчен од начинот на којшто лице што е на црната листа на Соединетите Американски Држави, наш стратешки партнер, ги има добиено сите позитивни мислења за добивање државјанство на Северна Македонија”.

    – Обврска на Агенцијата на национална безбедност е да спроведе сеопфатна истрага, внатре, во своите редови, во однос на тоа како е спроведена постапката и за тоа да ја информира Владата, секако на затворена седница, бидејќи се работи за сензитивни информации – рече Ковачевски по посетата на фабрики во Струга и Охрид.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img