More

    Конте на излезната врата, австрискиот наследник?

    spot_img

    Антонио Конте удри по своите играчи откако Тотенхем ремизираше со последнопласираниот Саутемптон во Премиер лигата.

    Тој беше бесен по киксот бидејќи неговиот тим загуби водство од 3:1 и одигра 3:3. Тој се нафрли на играчите, но и на клубот, а е пред отказ, според информациите на Островот.

    „Гледам себични играчи, гледам играчи кои не сакаат да си помагаат и не играат со срце. Пред натпреварот ја криев ситуацијата, сакав приватно да разговарам со играчите за да се обидам да ги подигнам, но сега морам да кажам дека овој тим нема волја и желба потребни за да постигне успех. Тоа е она што тие треба да го покажат во секое време. На сите“, изјави Конте по кобното реми и додаде:

    „Клубот има одговорност за она што го прави на пазарот на играчи. Секој тренер кој работел овде има одговорност за резултатот. А играчите? Што е со играчите? Каде се играчите? Имаме 11 играчи кои играат сами за себе, каде е нивната одговорност?“

    „Ние сме професионалци. Клубот ни плаќа големи плати. Тие заработуваат пари, јас заработувам за овој бизнис. Не се платени за да бараат изговори, да не покажуваат желба и да немаат одговорност. За мене тоа е неприфатливо бидејќи за прв пат во кариерата се наоѓам во ваква ситуација“, продолжи Конте и додаде:

    „Играчите се навикнати на оваа ситуација. Тие не играат за ништо важно. Не сакаат да играат под притисок, вака им е полесно. Тоа е приказната за Тотенхем. Овој сопственик го имаат 20 години и никогаш ништо не освоиле. Зошто? Дали е виновен клубот и секој тренер кој работел во него? Знаеме кои тренери ги имаше Тотенхем на клупата, очигледно дека немаа“.

    Англиските медиуми пишуваат дека Конте после се е подготвен да добие отказ и дека клубот ќе го отпушти веќе оваа недела. Се знае и кој треба да го замени.

    Според германските медиуми, тоа треба да биде Оливер Гласнер, тренерот кој лани го предводеше Ајнтрахт до пехарот во Лига Европа. Австрискиот стручњак се споменуваше и како еден од кандидатите за наследник на Карло Анчелоти на клупата на Реал.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img