More

    Комисијата ја заврши расправата за измените во законот за градење

    spot_img

    Собраниската Комисија за европски прашања денеска ја заврши расправата по поднесените амандмани за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за градење, по скратена постапка, дел од пакетот измени на пет закони поврзани со изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д, означени со европско знаменце.

    Пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ забележаа дека за вакви закони надлежна е Комисијата за транспорт и врски, а не Комисијата за европски прашања. И за измените на овој предлог-закон посочија дека Владата го злоупотребува користењето на европското знаменце. Опозициските пратеници прашаа како може да се тврди дека овој коридор ќе чини околу 1,3 милијарди евра без направена студија, без направен идеен и основен проект, без ревидиран проект, главен проект, проект на изведена состојба…

    Седницата на Комисијата треба да продолжи утре со расправа по предложените измени и дополнувања на Законот за експропријација, а дел од дневниот ред се и предложените измени и дополнувања на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп– Битола).

    Како дел од пакетот измени за доизградбата на коридорите претходно Комисијата за европски прашања ги разгледа измените на законите за работни односи, за градење и за урбанистичко планирање, сите по скратена постапка, и за нив се расправаше и на пленарна седница.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img