More

    Колку траела средбата на кралицата Елизабета со Меган и Хари

    spot_img

    Иако веројатно очекувале дека кралското семејство, и покрај сѐ, ќе ги пречека со раширени раце и сè ќе прилагоди на средбата, од тоа немало ништо, а дури и средбата со кралицата Елизабета Втора траела исклучително кратко.

    Како што тврди добро информиран извор близок до кралското семејство, кралицата Елизабета Втора одвоила само 15 минути за да се сретне со својот некогаш сакан внук, принцот Хари, неговата сопруга Меган Маркл и нивните деца Арчи и Лилибет Дијана. Иако доаѓањето на војводата и војвотката од Сасекс во Лондон, по повод платинестиот јубилеј на кралицата, воедно беше и првата средба и запознавање на кралицата со малата Лилибет, сето тоа поминало исклучително брзо.

    Средбата се одржала на 2 јуни во замокот Виндзор, а вработените кај кралицата добро внимавале да не го надминат предвиденото време за средбата, односно Хари и Меган да бидат до кралицата само 15 минути.
    Со својот брат, принцот Вилијам, Хари немал приватна средба, што всушност кажува дека нивниот однос и покрај шпекулациите, сѐ уште не е подобрен.

    „Вилијам е сè уште многу вознемирен поради заминувањето на Хари и чувствува дека неговиот брат го разочарал, но продолжил понатаму“, изјавил за медиумите пријателот на Вилијам.

    Инаку, во Лондон малата Лилибет го прослави својот прв роденден и тоа на пикникот организиран во нејзина чест во дворот на нивниот дом Фрогмор Котиџ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img