More

    Кога ќе се изедначат цените на електричните автомобили и бензините?

    spot_img

    Џим Ровал, извршен директор на Volvo Cars, предвиде кога ќе дојде до израмнување на цените помеѓу електричните автомобили и оние што користат бензин и дизел. Тоа нема да се случи подеднакво кај сите брендови, ниту има фиксен датум, но Ровал рече дека некои брендови би можеле да видат изедначување на цените за три години.

    Јасно е дека за масовно имплементирање на електрични автомобили низ Европа и светот, потребен ни е пад на цените. Иако на некои пазари растот на продажбата на електрични автомобили е огромен, има и многу доцнења, а дел од продажбата се остварува со високи субвенции.

    Со оглед на ескалацијата на цените, и вложувањето во намалување на емисијата на штетни гасови, многу е веројатно дека автомобилите со внатрешно согорување ќе се приближат до цените на електричните автомобили, а не обратно, што сите го очекуваа. Ова е многу сериозен проблем на некои пазари бидејќи практично ќе биде невозможно да се набави нов автомобил.

    Меѓу сопствениците на Volvo е еден од главните играчи во кинеската енергетска индустрија и автомобилската индустрија – кинеската групација Geely. Конгломератот произведува цела палета на електрични брендови кои им овозможуваат да комбинираат технологии и системи и да споделуваат компоненти. Ова, се разбира, го прави производството поевтино.

    Извршниот директор на Volvo верува дека цената ќе се намали бидејќи ефикасноста на автомобилот ќе се зголеми, овозможувајќи иста автономија со помалите батерии, што би требало да ја намали цената на возилото. И покрај ова, на светската сцена нема ништо што може да поттикне потврда на изјавите на Ровал бидејќи инфлацијата вртоглаво расте, проблемите со снабдувањето се секојдневни, а суровините се уште се дефицитарни или се во рацете на монополистите.

    Поверојатно е дека цените на електричните автомобили ќе стагнираат или малку ќе паднат, додека цените на автомобилите на бензин и дизел ќе пораснат, а потоа можеби и ќе се изедначат. Уште едно лошо сценарио за идните купувачи!, пишува HakRevija.hr.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img