More

    Кинески шпионски брод пловеше до брегот на Австралија

    spot_img

    Акт на агресија е пловењето на кинескиот шпионски брод кој вчера се приближи до западниот брег на Австралија покрај разузнавачка станица која ја користат американски и сојузнички подморници, смета Питер Датон, австралискиот секретар за одбрана, пренесува Индекс.

    – Мислам дека тоа е акт на агресија, особено затоа што стигна толку далеку на југ. Бродот беше блиску до воени и разузнавачки објекти на западниот брег на Австралија – изјави Датон на пресконференција.

    Датон укажа на „чудното време“ на присуството на бродот со оглед на изборната кампања. Имено, во Австралија се одржуваат национални избори на 21 мај, а обвинувањата за закана за националната безбедност од Кина беа главна тема на кампањата.

    Бродовите на кинеската морнарица беа следени неколку пати во близина на северниот и источниот брег на Австралија во последниве години. Во февруари, Пекинг и Канбера меѓусебно се обвинија за инцидент во кој австралиски поморски патролен авион откри ласер насочен кон него од брод на морнарицата на Народната ослободителна армија (ПЛАН).

    Австралија месецов објави фотографии од два кинески брода вклучени во инцидентот кои пловат во близина на нејзиниот северен брег. Кинеската амбасада во Австралија не одговори веднаш на барањето за коментар.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img