More

    Киев жестоко нападнат од камикази дронови

    spot_img

    Неколку експлозии одекнаа во понеделникот во раните утрински часови во Киев, точно една недела откако Русите го нападнаа главниот град на Украина, пренесе француски АФП.Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко објави дека експлозиите се случиле во областа Шевченко, исто како и минатиот понеделник. Сите служби се движат кон таа локација, детали за подоцна.

    Кличко предупреди дека воздушната закана продолжува и ги повика граѓаните да останат во засолништа.

    Тој потоа додаде дека како резултат на нападот со дрон избувнал пожар во нестанбена зграда, додека неколку станбени згради биле оштетени. Засега нема информации за жртви.

    Беспилотните летала камикази предизвикаа експлозии
    Агенцијата Ројтерс објави дека нападот го извршиле беспилотни летала – камикази, повикувајќи се на соопштението на Андриј Јермак, шефот на кабинетот на украинскиот претседател, кој на Телеграм напиша: „Русите мислат дека тоа ќе им помогне“.

    Три експлозии се слушнале помеѓу 6:35 и 6:58 часот по локално време. Сирените сигнализираа воздушен напад непосредно пред првата експлозија.

    Објавена е мапа на моментални опасности од воздухот во Украина:

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img