More

    Киев ја призна Чеченија како привремено окупирана територија

    spot_img

    Украинскиот парламент денеска усвои резолуција со која Чеченската Република Ичкерија е означена како привремено окупирана руска територија, која е создадена, како што се наведува, како резултат на агресија при што е прекршена повелбата на Обединетите нации.

    За резолуцијата гласаа 290 пратеници на Врховната Рада од вкупно 352 присутни пратеници.

    Украинскиот парламент ги осуди наводните воени злосторства извршени од Русија во војната со Чеченија и „сите злосторства извршени од 19 век до денес“.

    Чеченската Република Ичкерија беше де факто независна држава од 1991 до 1999 година, создадена по распадот на Советскиот Сојуз, а беше воено поразена од руската армија во 1999 година и беше вклучена во Руската Федерација како Република Чеченија.

    Актуелен лидер на Чеченија е Рамзан Кадиров, кој ја поддржува политиката на рускиот претседател Владимир Путин.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img