More

    Ќе се урне ли рекордот на изедени 40.000 самуни?

    spot_img

    Радовиш ќе биде домаќин на традиционалната и масовна манифестација „Самун ем татлија“ од 30 септември до 02 октомври пред Центарот за култура „Ацо Караманов“, на која посетителите ќе имаат можност да уживаат во прекрасна програма исполнета со разни жанрови и содржини.

    На традиционалната гурманска манифестација ќе настапат македонски музичари. Како што е наведено во програмата за дел од забавата ќе се погрижи Бајабо Бенд, Викторија Бенд и Брас Брадерс. Овогодишната манифестација ќе биде збогатена со Меѓународниот фолклорен фестивал „Радовишки собор“.

    На 1 октомври ќе настапат Јовче Пандев Бенд, Игор Џамбазов и Гуру Харе и Ибишеви. Последната вечер  гостуваат Ицов и пријателите, Струмичка тајфа, Екстра бенд и Вукица, Троја и Влатко Стефановски Трио. Изминатите години на манифестацијата во Радовиш најчесто доаѓаа регионални музички ѕвезди како: Црвена Јабука, Наташа Беквалац, Шабан Шаулиќ, Хари Мата Хари, Јелена Розга и многу други познати изведувачи.

    Изминатите години на манифестацијата се случувало да се продадат и по 40.000 самуни. Манифестацијата е под покровителство на Општина Радовиш.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img