More

    Ќе одговара насилникот што натепа геј-активист на Матка

    spot_img

    Обвинителството покрена обвинение за насилство врз припадник на ЛГБТ заедницата во Македонија, кое се случило на 29 јуни 2019 година по завршувањето на првата Парада на гордоста во Скопје. Тогаш група насилници малтретирала, навредувала и нападнала учесник на маршот. За нападот е обвинет 33-годишен скопјанец, додека останатите учесници во инцидентот не се идентификувани.

    „Делото било сторено од омраза заради сексуалната ориентација и припадност на оштетениот кон ЛГБТ заедницата“, утврдило обвинителството, коешто го гони напаѓачот за насилство според член 386 од Кривичниот законик.

    Инцидентот се случи по одржувањето на Првата парада во гордоста во главниот град, на која имаше силно полициско обезбедување. Шестмина ЛГБТИ активисти биле нападнати на месноста Матка, каде биле на ручек. На враќање тие биле пресретнати од неколкумина непознати лица и биле навредувани поради нивната сексуална ориентација. Исплашени за нивната безбедност, активистите се качиле во такси возила и се обиделе да побегнат, но напаѓачите со автомобили ги следеле. Во еден момент им го попречиле патот, насилно извадиле од автомобилот едно од момчињата и го удирале со боксови.

    Припадниците на ЛГБТ заедницата во Македонија често се жртви на насилство, говор на омраза и вербални напади во јавноста и на социјалните мрежи. Истражувањата покажуваат дека седум од десет припадници на ЛГБТ заедницата во земјата биле жртви на некоја форма на насилство поради својата сексуална ориентација.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img