More

    Ќе одговара 62-годишник кој ставил рампа и куќарка

    spot_img

    Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А. Р. (62) од Скопје и против правно лице од Скопје за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“ од член 225 од КЗ на РСМ бидејќи А. Р., како сопственик и управител на второпријавеното правно лице, подолг временски период противправно завладеал имот сопственост на државата и го ставил во владение на своето правно лице.

    Противзаконски, со наплатна рампа и со куќарка за наплата на влез-излез на предметното земјиште, А. Р. го оградил имотот кој се наоѓа веднаш до цветниот пазар позади поликлиниката „Бит Пазар“ во Скопје и кој претставува градежно неизградено земјиште во општа употреба во сопственост на државата. За секој влез-излез наплаќал соодветен паричен надомест и така го оневозможил слободното движење и користење на предметниот простор од страна на граѓаните и институциите на РСМ.

    Како што е познато, лани 2 лица со багер ја урнаа оградата на поликлиниката и во дворот започнаа градежни работи за изградба на паркинг. Од МВР тогаш информираа дека се приведени Н. К. (44) и Ш. Д. (42) поради сомнение дека сториле кривични дела „Узурпација“ и „Бесправно градење“.

    Според пријавеното, во 19.45 часот, во близина на поликлиниката „Бит-пазар“, тие тргнале дел од оградата на здравствената установа со намера да го узурпираат просторот и да изградат паркинг, за што немале добиено дозвола од Општина Чаир.

    Полицијата на 13 мај 2023 година објави дека за случајот е известен Јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img