More

    Ќе гледаме ли реприза од спорот со Грција?

    spot_img

    Ни по извесното вето на Бугарија во пресрет на јунскиот самит на Европската Унија, Македонија не смее да се откаже од европскиот пат, сметаат нашите соговорници.

    Според тоа што го изјавуваат политичарите од двете страни, Бугарија и Македонија се далеку од компромис, па земјава ќе пропушти уште една шанса за добивање на датум за преговори за полноправно членство во ЕУ.

    Претседателот Стево Пендаровски во интервјуто дадено за Еуроњуз, истакна дека барањата на Бугарите се поконтроверзни од Грчките, алудирајќи на спорот со јужниот сосед кој беше решен со Преспанскиот договор. Пендаровски појасни дека Грците никогаш не побарале од нас да не се нарекуваме Македонци, а Бугарија го оспорува нашиот идентитет и тоа според претседателот е големиот проблем. Следствено на тоа, тешко е да се пронајде компромис со источниот сосед.

    Првиот министер за надворешни работи на нашата земја, професорот Денко Малески, реагираше на изјавата на претседателот, потенцирајќи дека политичарите се избрани и се платени за да најдат решение на проблемите.

    – Имам впечаток дека нашите политичари сега сакаат да се извлечат од целиот преговарачки процес, кој не им носи популарност. Како да сакаат да прогласат мораториум на преговорите. Тие ја користат старата поговорка „со глава ѕид не се руши“, но забораваат дека на запад се користи поговорката „секој ѕид е врата“. Односно на секој ѕид може да му се отвори врата и нашите избрани политичари треба да работат на тоа. Преговорите не смеат да прекинат – вели Малески.

    Тој реагира и на тезата дека во услови на блокада, Македонија треба да продолжи со реформите, односно самата да се европеизира.

    – Невозможна задача е Македонија самата да се европеизира. Ќе потсетам на примерот на Италија, која во 1967 година беше принудена да ѝ пристапи на тогашната Европска економска заедница (ЕЕЗ), за да ги реши проблемите со корупцијата и со клиентелизмот. Кога една Италија не била во можност самата да се реформира и да се ослободи од корупцијата, тогаш како Македонија тоа да го стори. Откажувањето е најлошата опција за нас, ние мора да влеземе во ЕУ – додава Малески.

    Политикологот Димитар Христов, пак, предупредува дека во наредниот период преговорите ќе загубат на интензитет и решението на спорот со Бугарија ќе се бара со години.

    – Во случај да не го симне Бугарија ветото, тогаш ќе те треба да се збогуваме со ЕУ на неколку години. Преговорите во тој случај ќе продолжат, но нема да бидат интензивни и би траеле со години. Би наликувало на реприза на спорот со Грција. Членството во новата заедница, како што кажав и претходно мора да се прифати, во спротивно во целост ќе бидеме исклучени од политичката сцена во Европа – вели Христов.

    Тој смета дека Македонија има и други проблеми на кои треба да се посвети, па дефокусот од спорот со Софија, би можел да се искористи на други полиња.

    – Ако може малку оптимистички да се гледа на сето ова, во случај да не добиеме датум би се насочиле кон средување на состојбата дома, како на пример излез од криза, справување со инфлација и секако избори. Изборите ќе бидат повеќе од очекувани на есен доколку Бугарија не го симне ветото – додава тој.

    На 23 јуни шесторката лидери од Западен Балкан (Македонија, Србија, Косово, Албанија, БиХ и Црна Гора) ќе се сретнат во Брисел за да ги прошират дијалогот и соработката. Најверојатно тогаш на претставниците на овие земји, ќе им бидат предочени деталите за членството во алтернативната заедница, т.н Европска геополитичка заедница.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img