More

    Карлеуша си ја отвори душата на 8 Март

    spot_img

    Пејачката Јелена Карлеуша н Денот на жената ја поддржа петицијата во Србија за неовластено споделување на интимни снимки да стане кривично дело, а потоа објави и потресно сведоштво дека сопругот Душко Тошиќ ја наговарал да си го одземе животот во време кога јавноста и медиумите дознаа за нејзините голи фотографии и снимки.

    „Како јавна личност, жена и мајка бев жртва на брутална освета и злоупотребена со порнографска содржина. Тогаш нечовек се обиде кукавички и бедно да ми го одземе животот, честа, семејството, гордоста, иднината така што го искористи моментот на мое невнимание, го сликаше екранот на телефонот на еден наш повик без мое знаење, а потоа со фотографиите ме уценуваше. По уцените дојдоа и заканите, а злото да биде поголемо во тоа време почина и мојата мајка, а медиумскиот линч и моите голи слики беше последно што го виде таа. Децата мораше да ги отпишам од училиште, а маж ми одеше насекаде низ нашиот дом и бараше да се убијам“, напиша Карлеуша.

    Таа вели дека искрено во еден момент помислила сериозно и на тоа, бидејќи нејзиниот живот и се останато било уништено и тоа заради тоа што еден бедбник се одлучил да се освети на неа.

    Контроверзната пејачка вели дека сите треба да се потпишат на оваа петиција и дека таа не се убила, но утре ден може тоа да го стори некоја друга жена.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img