More

    Најмалку деветмина се повредени во инцидентите во центарот на Атина

    spot_img

    Најмалку девет лица се повредени, меѓу кои и еден новинар во сериозните инциденти што денеска се случија пред грчкиот Парламентот во Атина за време на протестот на студентите против законот за приватните факултети, јави дописничката на МИА од Атина.

    Инцидентите започнаа кога дел од студентите се обидоа да се доближат до Споменикот на Незнајниот јунак пред Парламентот, по што полицијата интервенираше со солзавец и шок бомби.

    Инциденти со молотови коктели, солзавец и шок бомби се случија во центарот на Атина пред грчкиот Парламентот за време на протестот на студентите против законот за приватните факултети, јави д

    Следеа десетици молотови коктели, камења и разни предмети од демонстрантите кон полицајците, кои интервенираа со солзавец и шок бомби, но и со пендреци, при што беа повредени студенти.

    По инцидентите протестот продолжи, а студентите остануваат пред грчкиот Парламентот, каде што е во тек расправата за законот за приватните факултети што ќе се гласа вечерва.

     

    На денешниот протест, според процените од полицијата учествуваа над 20.000 лица, а во Атина пристигнаа студенти од студентски здруженија од цела Грција.

    Законот на Министерството за образование за „Зајакнување на државниот универзитет – рамка за работа на непрофитни оддели на странски универзитети“, се очекува да добие зелено светло само од пратениците на владејачката Нова демократија.

    На почетокот на февруари министерот за образование на Грција Кирјакос Пиеракакис претставувајќи го предлог-законот соопшти дека недржавните и непрофитни Универзитети од септември 2025 година ќе почнат со работа, а приемот на студентите ќе се врши исклучиво преку државните испити.

    Од почетокот на јануари, секој четврток студентите и учениците одржуваа протести против отворањето приватни факултети, а и денеска, уште еднаш порачаа дека високото образование мора да остане државно и бесплатно.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img