More

    Канцеларот Шолц бара од Германците да „издржат“ до законската граница

    spot_img

    Последните години во Германија има тренд на предвремено пензионирање, па владата ќе се обиде да го зголеми бројот на работници кои ќе работат до 67 години, изјави канцеларот Олаф Шолц.

    – Важно е да се зголеми уделот на оние кои реално можат да работат до возраста за пензионирање. Владата сака повеќе луѓе во Германија да се пензионираат на 67 години, наместо на 63 или 64 години, како што често се случува. Сепак, на многумина им е тешко- вели  тој.

    Шолц, исто така, гледа „потенцијал за зголемување“ на учеството на жените на пазарот на трудот.

    -Но, за да успее ова, треба да ја прошириме понудата за продолжено дневен престој во јасли, градинки и училишта – нагласи тој.

    Економистите и работодавачите во Германија долго време бараат зголемување на старосната граница за пензионирање на 70 години, вклучително и стабилизирање на пензискиот систем. Сепак, владејачките партии обезбедија одредба во коалицискиот договор дека сегашната возраст за пензионирање од 67 години нема да се менува.

    Германскиот економски институт на почетокот на годинава  процени дека работната сила само годинава ќе се намали за повеќе од 300.000 луѓе бидејќи повеќе постари луѓе одат во пензија отколку што влегуваат млади на пазарот за труд.

    Тој јаз до 2029 година би можел да се зголеми на повеќе од 650.000, а во 2030 година акумулираниот недостиг на работно способни луѓе би можел да достигне бројка од 5 милиони.

    Бројот на предвремени пензионери изнесува 26,3отсто од сите нови државни пензии.

    Грманската влада планира да ја подобри ситуацијата со недостиг од работници и со промена на политиката на увоз на работна сила. Во тек се измени на правилата за доселување и добивање статус на државјанин, а се менува и правилото да се работи и на место за кое според квалификацијата не сте добиле работа и престој.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img