More

    Камила Кабељо ги почести обожавателите со разголени фотографии

    spot_img

    Поп-ѕвездата Камила Кабељо (26), ги почестила своите обожаватели со разголени фотографии на својот профил на Инстаграм.

    Пејачката покажала како си поминува на одмор во Порторико, а на поголем дел од фотографиите не носи горен дел од бикинито. Исто така, Камила споделила и видео во кое топлес плива во водата и во кое во прв план е нејзиниот задник.

     

    „Толку сум љубоморна на фотографот“, „Што има под пеперутките?“, „Најзгодната жена на планетата“, „Природна убавица“, „Ова се чекаше“, биле само дел од коментарите под нејзината објава.

    Пејачката пред Порторико летувала во Грција од каде објавила фотографија на која позира во морето.

    Освен со својата музика, Камила ги освои симпатиите, но и почитувањето од страна на јавноста со рушењето на наметнатите стандарди за убавина.

    Таа е позната по охрабрувачките изјави дека го сака своето тело без оглед на целулитот, стриите или вишокот килограми, кои бројни жени денес не сакаат да ги покажуваат во јавноста. Повеќепати ја напаѓаа дека има вишок килограми, но пејачката порача дека тоа не треба да им биде главна преокупација на девојките и жените.

    „Благодарна сум на своето тело кое ми дозволува да правам тоа што треба. Ние сме реални жени со облини, целулит, стрии и масти. И, мораме тоа да го имаме“, изјавила во една прилика Камила.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img