More

    Калиопи се огласи по трагедијата на концертот

    spot_img

    Калиопи Букле го откажа синоќешниот концерт во Белград откако една жена од публиката почина за време на настанот.

    Седумдесет годишната жена дошла од Македонија во друштво на своите пријатели и ќерката, кога и се слошило во салата. За жал, иако брзата помош пристигнала за кратко време, по 30 минутна реанимација, не успеала да се спаси.

    Калиопи била многу потресена од оваа вест, па ја напуштила сцената, а потоа со полицијата отишла во полициска станица да даде изјава.

    Таа во текот на ноќта објави стори на Инстаграм и напиша дека и е многу тешко за трагедијата која се случи на нејзиниот концерт.

    „Ова е најтажниот ден во мојата кариера… Денеска наместо да славиме живот на мојот концерт, загубивме живот… Во мое име и целиот мој тим, изразуваме најдлабоко сочувство до семејството на починатата. Ова е моја прва и единствена изјава за вечерашниот немил и многу тажен настан за сите нас… Се надевам дека мојата публика ќе има разбирање за одложувањето на вечерашниот концерт… Новиот датум ќе биде објавен наскоро. Калиопи“, се наведува во објавата на Истаграм.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img