More

    Како што растат цените на производите во земјава и покрај владината мерка за замрзнати маржи, така расте и интересот на граѓаните да ги споредат цените на производите во различни држави

    spot_img

    Како што растат цените на производите во земјава и покрај владината мерка за замрзнати маржи, така расте и интересот на граѓаните да ги споредат цените на производите во различни држави. Споредбите, со оглед на платите и стандардот на граѓаните, се поразителни за нашите граѓани.

    На социјалните мрежи се споделуваат цени на производи од интернет продавници во Aнглија и во  Германија со исти такви продавници кај нас.

    Граѓаните се револтирани од споредбите и очекуваат владата да донесе нови мерки за зауздување на цените.

    – Во Европа и 5 отсто да се зголемат цените има бунт, а кај нас и 200 отсто да се зголемат ги анализираме само во кафеани. Сепак, имаме страшна зима за граѓаните, а богата за политичарите. Нека ги споредат и самите па нека видат каде сме ние. Владата треба да мисли за граѓаните – вели скопјанка.

    Така, споредбата на цената на кашкавалот гауда во Англија и во земјава се со двојна разлика. Британците чедарот произведен во сопствената земја го јадат по цена од 556 денри за килограм, а ние увезен го плаќаме по цена од 944 денари за килограм.

     

    Литар трајно обезмастено млеко пак Aнгличаите го плаќаат по цена од 55,6 денари, а кај нас цената зависно од брендот и дали е увезено или домашно се движи од 84 до 101 денар за литар.

    Во Германија цените на млекото се движат од 0,99 евра (60,9 денари) за млеко со масленост од 1,5 отсто до 1,09 евра (66,2 денари) за трајно млеко од 3,2 отсто масленост. Кај нас трајното млеко од 3,2 отсто масленост чини од 98 денари до 107 денари зависно од брендот, додека тоа со масленост од 1,5 го плаќаме по цени од 77 до 92 денари, зависно од брендот.

    Килограм обично брашно во Англија чини 0,39 фунти (27,4 денари), додека кај нас килограм брашно тип 500 чини од 45 до 66 денари.

    Да бидат појасни работите според девизниот калкулатор 1 евро чини 61,49 денари, додека англиската фунта чини 70,5 денари.

    Просечната плата во земјава 31. 812 денари (518 евра или 218 фунти), во Германија е 2.270 евра, а во Англија просечната плата е околу 3.100 фунти. Во август стапката на инфлација кај нас изнесуваше 11,6 отсто, во Германија 7,9 отсто, а во Англија во јули стапката на инфлација изнесуваше 10,1 отсто.

    Вредноста на синдикалната минимална кошница во август прилагодена на инфлацијата изнесуваше 48.234 денари.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img