More

    Како се чувствува откако таа се омажи за Бен Афлек

    spot_img

    Поранешниот професионален бејзбол играч Алекс Родригез гостуваше во емисијата „Кој зборува со Крис Валас?“, каде што зборувал за многу работи, меѓу другото, и за пропаднатата свршувачка со пејачката Џенифер Лопез.

    Тој и Лопез раскинаа во април минатата година по четири години врска, а Џеј Ло набргу потоа повторно вплови во романса со актерот Бен Афлек, со кого неодамна и се омажи.

    „Искрено, дали ти пречи што само неколку дена по раскинувањето таа беше видена со Бен Афлек и на крајот се омажи за него, а не за тебе?“, го прашал водителот Родригез.

    „Пред сѐ, би сакал да кажам дека ми е мило што никогаш нема да бидам претседателски кандидат бидејќи тоа би ме убило“, шеговито му одговорил Родригез и потоа продолжил: „Видете, тоа со Џенифер беше добро искуство. И за неа и за нејзините деца, кои се паметни, убави и прекрасни, им посакувам сѐ најдобро“.

    „Тоа е тоа?“ го прашал Валас.

    „Тоа е тоа“, одговорил Родригез.

    Алекс Родригез е познат како голем заводник. Освен со Џенифер Лопез, тој беше во врска и со Мадона, Кејт Хадсон и Камерон Дијаз, а беше и во брак со Синтија Скуртис, со која има две деца. Водителот го прашал и дали смета дека е „добар материјал за брак“ или само сака да се додворува на жените.

    „Мислам дека кога ќе го погледнете мојот живот, Крис, ќе се сетите дека спомнав дека кога имав 15 години, „Спортс илустрејтед“ ме нарече најдобар играч во земјата. А во тоа време бев Алекс Родригез. А потоа некаде попатно, на 24 години добивам договор од 250 милиони долари и веројатно тогаш малку излегов од шините и станав А-Род“, објаснил Родригез, додавајќи дека за време на неговите 20-ти и 30-ти веројатно не бил баш „најдоброто момче“.

    „Мислам дека ќе бидам прекрасен партнер или сопруг и татко поради сите лекции што ги научив од моите најголеми грешки во животот“, додал Родригез.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img