More

    Како „Метеорит“ спречи обид за пробивање кај Херсон! (ВИДЕО)

    spot_img

    Херсонскиот фронт во моментов е главниот фокус на украинските и руските сили, бидејќи командантот на руските сили во Украина, генерал Сергеј Суворикин, најави дека Киев започнува офанзива во таа насока.

    Во последните денови бевме сведоци на постојан конфликт и обиди на Украинците да направат пробив најпрво на ниво на полк, баталјон и бригада. Руската армија веќе пет пати го одби нападот, а во жестоките борби против украинскиот оклоп свое место најде инженерско орудие, кое доби воена слава во сириската граѓанска војна.

    Имено, тоа се прави со инженерското возило УР-77, кое е познато и како „Метеорит“, а кое вообичаено се користи за правење премини на мински полиња.

    Во Украина, инженерското возило „УР-77 Метеорит“ беше користено на 19 октомври на правецот Нова Каховка во регионот Херсон помеѓу Борозенское и Сухаоново.

    Имено, руските трупи таму се судрија со борбените групи на 60-та пешадиска бригада, 17-та и 42-та оклопна механизирана пешадиска бригада, 128-та оклопна нападна бригада, тактичкиот баталјон на 17-та оклопна бригада и оклопната бригада 46. Во борбената техника беа ангажирани 5-6 тенкови, 20 пешадиски борбени возила од 50-те единици распоредени во тој правец.

    На објавената снимка се гледа обид на Украинците да се пробијат со оклопен клин, каде ги пречекува артилериски оган што ги запира. Битката на таа рута е целосно снимена од дрон.

    Миночистачот УР-77 е изграден на шасијата на самоодната хаубица „2S1 Гвоздика“. Возилото е наменето за правење премини на мински полиња со помош на ракета прикачена на јаже. По падот на ракетата следува детонација и ударен бран, кој има за цел да уништи поголем дел од мините. УР-77 расчистува простор пред него долг 300 метри и широк 20 метри.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img