More

    Како кралот Чарлс Трети од војводството направи машина за штанцање пари

    spot_img

    Новиот британски крал, Чарлс Трети, како принц на неговото војводство создал машина за штанцање на пари, а неговото влијание често било во сива зона. Сега ќе има уште поголемо лично богатство, пишува Дојче Веле.

    Со децении, кралот Чарлс Трети беше принц од Велс, играјќи поло, се ракуваше на настани и држеше говори. Но, цело време тој градеше империја од милијарда фунти која сè уште расте.

    Не е лесно да се разликува што точно му припаѓа на Чарлс (73), а што на државата. Познато е дека голем дел од привлечниот раскош и припаѓа на Велика Британија, а не на кралското семејство: накитот на круната, замокот Виндзор и Бакингемската палата.

    Но, приватното портфолио на новиот крал, чиј лик ќе се појавува на монетите низ Комонвелтот, е прилично „дебело“. Неговите деловни интереси беа обележани со затајување на високи даноци, зделки во секторот за недвижнини и офшор компании, пишува ДВ.

    Ги донесе менаџерите

    Додека бил принц, Чарлс најголемиот дел од своето богатство го стекнал од Војводството Корнвол. Организирана е како приватна компанија која поседува над педесет илјади хектари земјиште во повеќе од дваесет окрузи во Англија и Велс.

    Има 260 земјоделски фарми, има шуми, станбени и стопански објекти. Дури и делови од брегот припаѓаат на Војводството. Чарлс има и бројни банкарски сметки.

    Војводството е основано во 1337 година со идеја на наследникот на тронот да му се обезбеди материјална основа. Можеби нема да го продаде имотот, но од него собира приходи.

    Уште во 1969 година, кога наполнил 21 година, Чарлс го добил целосниот приход од Војводството. Од 1980-тите, тој покажа сè посилна деловна острина и воведе иновации во ова големо претпријатие, кое дотогаш функционираше речиси на автопилот.

    – Чарлс се вклучи во професионализацијата на бизнисот. На пример, Војводството ангажираше менаџер и други професионалци кои го диверзифицираа портфолиото – вели Лора Кленси од Универзитетот Ланкастер, авторка на книга за работите на кралското семејство.

    Менаџерскиот тим сега брои 180 луѓе во седиштето во Лондон и другите канцеларии. Главниот фокус сè уште е управувањето со недвижностите и изнајмувањето.

    Како рудник за злато

    Но, во 2017 година, новинарската истрага позната како „Рајски документи“ покажа дека парите завршиле во офшор компании. Тоа беше срамно за Чарлс, но портпаролот тогаш изјави дека принцот нема поим и дека други носат такви одлуки.

    Иако договорите за закуп на земјиште често се стари, многумина кои закупуваат земјиште се жалат на практиките на Војводството. Минатата година беше откриено дека Чарлс го искористил своето влијание за да ги спречи законите во Велика Британија да дозволуваат откуп на земјиште. Војводството беше неговиот рудник за злато.

    Приходите вртоглаво се зголемија во последните години. Пред две децении Чарлс во фискалната година инкасирал десет милиони фунти, а во последната година дури 23 милиони. Во тој период вредноста на Војводството се зголеми од 400 милиони на 1,05 милијарди фунти.

    Војводството е ослободено од данок на доход. Сепак, од 1993 година, Чарлс доброволно плаќа даноци во име на Војводството, но на износот што останува по официјалните трошоци.

    Уште поголема компанија

    Со оглед на наследувањето на тронот, Војводството Корнвол премина во рацете на принцот Вилијам. Кралот Чарлс ќе добива приход од Војводството Ланкастер, Кралскиот имот (Крунскиот имот), а има и удел во наследството на личниот имот на покојната кралица Елизабета.

    Војводството Ланкастер има 18.000 хектари земја, како и луксузни недвижности во Лондон. Минатата година донесе 24 милиони фунти и вреди 652 милиони фунти.

    „Crown Estate“ е империја на недвижен имот што припаѓа на круната, но не е управувана од кралското семејство. Таа, меѓу другото, поседува и поголем дел од морското дно околу островот. Минатата година профитот бил 313 милиони фунти, од кои 86 милиони фунти биле исплатени на кралицата за трошоци, слуги, патувања и одржување на палатата. Остатокот од парите отишле во државниот буџет.

    Заедно со ова доаѓа и наследството на кралицата Елизабета, која го поседуваше замокот Балморал во Шкотска, имотот Сандрингам, коњи за тркање, готовина, инвестиции, уникатна колекција на накит, уметност и мебел собрани со генерации.

    Минатата година Форбс личното богатство на кралицата го процени на околу 410 милиони евра.

    Премногу богат за народот?

    Таквото богатство, како потсетување на некогашната семоќ на кралевите, денес им пречи на многу луѓе во Велика Британија. Исто така, дека, поради деценискиот договор, Чарлс е ослободен од вообичаениот данок на наследство од 40 проценти.

    Други, пак, велат дека таквото раскошно кралско семејство е магнет за туристите и одлична реклама за Обединетото Кралство.

    Лора Кленси го означува кралското семејство како фирма. Но, таа е убедена дека богатството, скриените работи и нееднаквоста, а монархијата значи нееднаквост, никогаш нема да го загрозат кралското семејство.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img