More

    Каевски за обвинувањата за дезертерство на Ковачевски

    ВМРО-ДПМНЕ со измислици се обидува да го оттргне вниманието на јавноста од расколот што се случува помеѓу оваа партија и градоначалничката на Скопје Данела Арсовска – одговори денеска пратеникот на СДСМ Дарко Каевски на прашање како неговата партија ги коментира обвинувањата дека премиерот Димитар Ковачевски не одговорил на повик за мобилизација во АРМ во 2001 година, што ги иснесе претходно пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки.

    – Мицкоски, шпицниот градоначалник, заедно со ВМРО-ДПМНЕ преку измислици се обидуваат да го оттргнат и да направат дефокус на она што се случува и во ВМРО-ДПМНЕ, односно расколот што се случува и со Данела Арсовска, но и она што денеска се случува со Никола Мицевски. Очигледно се обидуваат да го свртат вниманието со цел да не одговорат на она што граѓаните го очекуваат како одговори, односно која е улогата на шпицниот градоначалник во тендерот вреден 136 милиони евра и денеска преку измислици, преку воениот дезертер Ковачки, се обидуваат повторно да ја скриат вистината и да не даваат одговори на она што граѓаните го очекуваат и токму оттука ќе го повикам да даде одговори за тоа која е неговата улога во спорниот тендер и зошто веќе неколку дена Мицкоски молчи и не дава одговори на сите овие прашања – рече Каевски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img