More

    Јапонија, Велика Британија и Италија заеднички градат борбен авион од новата генерација

    spot_img

    Јапонија ќе соработува со Велика Британија и Италија на проектот за нова генерација борбени авиони, објавија трите земји во време кога Токио се обидува да ја зајакне својата одбранбена стратегија во сложена геополитичка ситуација.Токио, Лондон и Рим ќе започнат амбициозен проект за развој на борбен авион од новата генерација, а прототипот се очекува до 2035 година, како дел од Глобалната програма за борбено воздухопловство (GCAP), се наведува во заедничката изјава на владите на трите земји.

    Како што се наведува, ќе има можности за соработка и со други партнери. Јапонија се обидува да ја прошири соработката на полето на одбраната и со други партнери покрај традиционалниот сојузник САД.

    Соработката ќе се заснова на веќе иницирани истражувања од овие три земји во областа на високите технологии во борбената авијација, како што се беспилотните летала, и претставува прва асоцијација на Јапонија со европските партнери во оваа област.

    Многу детали за проектот се уште не се познати, дури ни колку ќе чини, изјави претставник на јапонското Министерство за одбрана, кој прецизираше дека производството треба да започне околу 2030 или 2031 година за да може да се направи прототип до 2035 година.

    „Кога ќе ги погледнете другите земји, САД го имаат F35, а Европа го има Eurofighter. Сигурно ќе се стремиме да развиеме борбени авиони кои ги надминуваат можностите на тие модели“, рече претставникот.

    Во центарот на проектот би требало да бидат јапонските Mitsubishi Heavy Industries, британската BAE Systems и италијанскиот Leonardo, покажуваат податоците на јапонскиот економски весник Nikei.

    „Ние сме решени да го браниме слободниот меѓународен поредок, отворен и заснован на правила, што сега е поважно од кога било, бидејќи овие принципи се оспоруваат, а заканите и агресијата растат“, се вели во соопштението на трите земји.

    „Со оглед на тоа што е важно да ја браниме нашата демократија, нашата економија и нашата безбедност и да ја заштитиме регионалната стабилност, ни требаат цврсти партнери во областа на одбраната и безбедноста, опремени и зајакнати со веродостојна моќ за одвраќање“, се додава во соопштението.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img