More

    Јадранот во целиот свој раскош

    spot_img

    Откако објави дека ќе отвори профил на социјалната мрежа ТикТок, модната дизајнерка Викторија Бекам откри дека го направила тоа и ги поздрави сите свои идни следбеници на ТикТок со фотографија од Јадранот.

    Викторија на својот инстаграм-стори објави линк до својот нов профил и прикачи фотографија од одморот кој во моментот го поминува со семејството на Лопуд, во близина на Дубровник.

    „Ѓаволот работи брзо, но јас работам побрзо“, се пошегува таа во описот.

     

    Потсетуваме, семејството Бекам во моментот се наоѓа во Лопуд, каде го прослави 11-от роденден на својата ќерка Харпер. Неодамна беа снимени додека пловеа по Јадранот, а британските медиуми открија и дека Бекамови побарале засолниште во Хрватска среде судската постапка низ која минуваат за обидот за киднапирање на нивната ќерка.

    Инаку, луксузното одморалиште на Лопуд, каде што престојува славното семејство, е поранешен манастир изграден во 15 век, кој бил реновиран од бароницата Франческа фон Хабсбург.

    Тој комплекс денес е една од најлуксузните локации на Јадранот. Во склоп на комплексот се наоѓа и таканаречената Света градина. Изнајмувањето на комплексот за еден ден чини 10.000 евра за десет лица.

     

    Тринаесетт оригинални ќелии на манастирот, кои се простираат на 5.000 квадратни метри, се претворени во пет стана за вкупно 10 гости. Секоја соба нуди сопствено купатило и поглед на морето или градината. Консиерж и приватен готвач се достапни за гостите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img