More

    Израелската армија втора ноќ по ред ги нападна предградијата на Дамаск

    spot_img

    Израелската армија втора ноќ по ред ги нападна предградијата на Дамаск
    Израелската авијација синоќа ги нападна предградијата на сириската престолнина Дамаск, јави сириската државна новинска агенција САНА.

    Експлозии се слушаат над Дамаск втора ноќ по ред, велат жителите, јави САНА, но не соопшти дали има жртви.

    Одговорија противвоздушната одбрана и беа соборени некои израелски ракети.

    Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Велика Британија, опозициска организација која ја следи граѓанската војна во Сирија, соопшти дека биле погодени складишта за оружје на владините сили и организациите поддржани од Иран јужно од Дамаск.

    Израел многупати напаѓаше цели во областите на Сирија контролирани од владата во Дамаск, вклучително и напади на аеродромот во тој град и во Алепо, но ретко ја презема одговорноста.

    Земјата, сепак, потврди дека ги гаѓа базите на екстремистичките организации поврзани со Иран, како што е либанскиот Хезболах, кој испрати илјадници борци да се борат заедно со силите на сирискиот претседател Башар ал Асад.

    Поради израелски воздушен напад минатата недела, аеродромот во северниот град Алепо беше оштетен и два дена беше надвор од употреба.

    Покрај аеродромите, Израел ги гаѓа и пристаништата во, како што вели, обид да спречи испорака на иранско оружје за екстремистичките организации поддржани од Техеран, вклучително и Хезболах.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img