More

    Израелската армија симулираше можна офанзива на југот на Либан

    spot_img

    Израелската армија одржа вежба за симулација на офанзива на југот на Либан додека размената на оган со борците на либанскиот Хезболах продолжува долж границата.

    Генерал-мајор Ори Гордин, кој ја предводи северната команда, вчера преку соопштение објави дека армијата е поподготвена од кога било, објави денеска Асошиејтед прес.

    Од почетокот на војната во Појасот Газа, од Либан во правец на Израел се истрелани повеќе од 2.000 ракети.

    Дванаесет израелски војници и шест цивили, меѓу кои мајка и син, беа убиени во понеделникот.

    Околу 150 борци и 20 цивили се убиени во израелските напади врз Либан, според проиранскиот шиитски Хезболах, сојузник на Хамас, кој владее во Газа.

    Гордин рече дека резервистите се распоредени долж границата за да ја зајакнат одбраната на Израел.

    Хезболах вели дека нападите врз Израел имаат за цел да ги ангажираат израелските сили на север и ќе продолжат се додека не дојде до прекин на огнот во Газа.

    Израел предупреди на целосна војна доколку Хезболах не се повлече од границата во согласност со резолуцијата на ОН со која заврши војната со израелската армија во 2006 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img