More

    Избегнувајте ги овие седум намирници кои предизвикуваат висок крвен притисок

    spot_img

    Исхраната влијае и на крвниот притисок. Нејадењето овошје и зеленчук може да доведе до низок внес на калиум и висок внес на натриум, што може да придонесе за развој на висок крвен притисок. Ако имате висок крвен притисок, избегнувајте ја следната храна.

    Кисели краставички
    Краставиците се нискокалорични, без маснотии и богати со витамин К, кој помага во згрутчување на крвта во случај на повреда. Но, една средна кисела краставица содржи повеќе од 570 mg натриум, што е повеќе од една третина од препорачаната дневна доза. Доколку имате проблеми со висок крвен притисок, ограничете го внесот на краставици, известуваат од Здравствениот дом.

    Кисела зелка
    Киселата зелка е богата со витамини Ц и К, железо, влакна и го зајакнува вашиот имунолошки систем. Содржи високи количини на натриум, дури и кога избирате зелка која има ознака со низок натриум. Половина чаша ваква кисела зелка содржи 460 mg натриум.

    Сланина
    Освен што е вкусна, сланината содржи и група на витамини од групата Б (витамин Б1, Б2, Б3, Б6, Б12), витамин Д, цинк, железо и магнезиум. Содржи и високо ниво на натриум. Само три парчиња содржат околу 270 mg натриум и 4,5 грама масти.

    Полномасно млеко
    Кога се обидувате да изградите мускули, полномасното млеко е идеален избор. Една чаша полномасно млеко содржи 8 грама масти. Ако имате висок крвен притисок, консумирајте млеко со помалку масти.

    крофни
    Сите ги сакаме крофните поради нивниот сладок вкус и текстура, но знаеме и дека не се добри за здравјето. Една крофна може да има повеќе од 300 калории и 12 грама масти. Крофните и општо пржената храна содржат заситени и транс масти, кои предизвикуваат кардиоваскуларни болести.

    Рамен (јапонски) тестенини
    Рамен тестенините се сè попопуларни меѓу студентите ширум светот, поради цената и леснотијата на подготовка. Сепак, едно пакување рамен тестенини има 14 грама масти, 6 грама заситени масти и 1731 грам натриум, што е повеќе од 70% од препорачаната дневна доза!

    Алкохол
    Прекумерното консумирање алкохол може да го зголеми крвниот притисок и да ги оштети ѕидовите на крвните садови. Луѓето со висок крвен притисок мора целосно да избегнуваат алкохол или да го пијат во умерени количини. Умерено консумирање алкохол се смета за:

    – еден пијалок дневно за мажи над 65 години,

    – два пијалаци дневно за мажи под 65 години,

    – еден пијалок на ден за жени на која било возраст.

    Еден пијалок вклучува 3,5 dcl пиво, 1,5 dcl вино или 0,5 dcl пијалоци кои содржат до 80% алкохол.

    Ако имате висок крвен притисок, ограничете го внесот на овие намирници и фокусирајте се на храна со ниска содржина на натриум.

    Храна која им користи на луѓето со овој здравствен проблем се: банани богати со калиум, сите зачини освен сол, компири, свежа риба, спанаќ, храна богата со омега 3 масни киселини и семки од лен.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img