More

    Историско сослужение во Солун во црквата посветена на мајка Богородица, од страна на епископ Антаниски г. Партениј и архимандрит г. Амвросиј

    spot_img

    Историско сослужение се случи во Солун денеска во црквата посветена на мајка Богородица, од страна на епископ Антаниски г. Партениј и архимандрит г. Амвросиј.

    – Токму таа, пречистата, брзопослушна Мајка наша, Богородица, денес ни приготви обилна гозба на духовно веселие и спокој, во својот сечесен храм Панагуда, во осветениот од Божји угодници град Солун. Со своето нежно и моќно молитвено застапништво, Таа, преку својот верен слуга, Високопреподобниот архимандрит г. Амвросиј, старешина на нејзиниот храм и особено драг пријател на бигорската Обител, го повика нашиот возљубен старец и игумен, епископ Антаниски г. Партениј, да отслужи света архијерејска Литургија, во нејзина чест и слава – велат од Бигорски за МИА.

    Тие додаваат дека со благослов на почитуванот митрополит, неговото Високопреосвештенство г. Тимотеј Дебарско-кичевски, ова беше прво архијерејско служење на владиката Партениј во Солун и како што ѝ доликува на онаа која е Прва по Светата Троица, тоа се случило во нејзината славна црква.

    – Пред очите на нејзиниот милостив лик од чудотворната икона Панагуда Скоропослушница, Старецот, заедно со нашиот гостољубив домаќин, Архимандритот г. Амвросиј и со бигорски јеромонаси и јероѓакон, отслужи Божествена Евхаристија, соединувајќи ги верните со Господа Исуса Христа. А среде нив, освен локалните жители и духовни чеда на Старец Амвросиј, беа и неколку десетици верници откај нас, а и сестри монахињи од Манастирот на Богородица Пречиста Кичевска – посочуват од Бигорски.

    Според нив на певниците, пак, рамо до рамо со грчкиот византиски хор, пееле и протопсалти од хорот за источно-православно пеење „Митрополит Козма Пречистански“ од Кичево.

    На крајот од светото богослужение, домаќинот и старешина на храмот, отец Амвросиј изрече пригодно слово во кое ги истакна љубовта и слободата како основни фактори на христијанската вера.

    – Светите Кирил и Методиј биле вдахновувани од автентичниот христијански вселенски дух, кој ја почитува слободната волја на луѓето, а и културните и јазични особености, ја истражува типичната култура и се обидува да го сфати и да го прифати како позитивно. Тој факт ни објаснува зошто двајцата Солунски Свештеноапостоли, не сакале да го наметнат грчкиот јазик во литургискиот живот на новохристијанизираните народи. Напротив, ги превеле на словенски јазик Светото Писмо и литургиските текстови, создавајќи за таа цел азбука за еден туѓ, непознат и неофицијализиран јазик, и тоа во епоха кога Византијците биле горди на својот јазик и на процутот на својата култура, рекол отец Амвросиј.

    Нагласил дека доволно е да се спомне улогата што Градината на Пресветата Богородица ја имаше во обновувањето на монашкото општежитие кај нас; помошта и благословот од Православната Црква на Грција за образувањето на наши студенти на локалниот Теолошки факултет; а, сосема неодамна, од Вселенската Патријаршија во Константинопол ни стаса и радосната вест за прифаќањето на Охридската Архиепископија во евхаристиско и канонско општење со сета Православна екумена, што за нас преставува мистично соединување во светот на Светиите, рекол тој.

    Следствено, додал, станува јасно дека дијалошкиот етос и дијалошкото сведоштво, соборноста и институцијата на автокефалијата, претставуваат основни начела на Православието.

    – Впрочем, за православното сведоштво во светот, основниот фактор на единство на постојано прошируваната Црква е заедничкото славословење на живиот Бог, иако повеќегласно според видот, но едно во Духот, бидејќи тоа е основната еклисиолошка смисла на Педесетницата. Со неодамнешната одлука на Светиот и Свештен Синод на Вселенската Патријаршија, за прифаќањето на Црквата во државата Северна Македонија во евхаристиска заедница, признавајќи го црковното име – Охридска, под Архиепископот Стефан, беше исцелена раната на една шизма, а истовремено преку тој Патријаршиски и Синодален Акт, се прифаќа свештеноканоничноста на православното сведоштво, кое со години дејствува во вашата веќе институционализирана Црква, за во целост Црквата на живиот Бог да се зголеми и така проширена да Го славослови. Неправдата која суштествуваше со години беше поправена од срцето и од рацете на нашиот Сесвет Вселенски Патријарх, г. г. Вартоломеј и од него раководниот Свештен Синод и грижата на Мајката Црква повторно ја претвори горка вода во жива вода. Во спомен на нашето пријателство, најважното нешто што би можеле да Ви го принесеме е овој маслинов венец, кој ја отсликува „верата на праведните“ и е вечен симбол на мирот и надежта за сите нас. Добредојдовте – посакал отец Амвросиј.

    Нашето доаѓање тука, рекол меѓу дргото во своето обраќање кон владиката Партениј, како што е впрочем и со сите нешта во животот, беше управено од Божјото сезнаење.

    – Имено, без претходно да погледнеме во календарот, со отец Амвросиј го договоривме денешното сослужение токму за оваа недела, во согласност со нашите обврски. Но, кога пред некој ден погледнав, за да дознам кои Светии се слават денеска во Грција, се исполнив со восхит и извикав: „Колку е чудесен нашиот Бог, Кој сè премудро направил!“ Замислете, денес овде се слави и споменот на Светите Рамноапостоли Седмочисленици: Кирил, Методиј, Климент, Наум, Сава, Горазд и Ангелариј. Не е ли очигледно содејството од Небесата на нашите Просветители, Светите Кирил и Методиј, за нашето доаѓање тука, во нивниот роден град?! Доаѓаме во местото на нивното раѓање, и тоа токму на нивниот спомен, носејќи ја својата неизмерна благодарност за нивното просветителско дело, за духовните очи што ни ги подарија, за цивилизацијата што ни ја завештаа.

    Впрочем, како што често им говорам на своите браќа, небосјајни се духовните и цивилизациски придобивки што ние како народ и помесна црква сме ги добиле, најнапред од првопрестолната мајка црква, а потоа и од братскиот грчки народ и неговиот православен етос и предание, рекол во обраќањето владката Партениј.

    Додал дека „одовде ги добивме просвештението и крштението, одовде ја добивме нашата цивилизациска ипостас. Но, не само во старо време, туку и во најново, во наши дни, ние еве, вкусуваме добротворства од нашите браќа во Христа“.

    – Доволно е да се спомне улогата што Градината на Пресветата Богородица ја имаше во обновувањето на монашкото општежитие кај нас; помошта и благословот од Православната Црква на Грција за образувањето на наши студенти на локалниот Теолошки факултет; а, сосема неодамна, од Вселенската Патријаршија во Константинопол ни стаса и радосната вест за прифаќањето на Охридската Архиепископија во евхаристиско и канонско општење со сета Православна екумена, што за нас преставува мистично соединување во светот на Светиите, нагласил владиката.

    Посочил дека православна Грција отсекогаш била сокровиште и чувар на свештеното православно предание и на исправното богословие.

    – Таа го запази тоа бесценето богатство и во минатиот век, кога останатите православни земји се наоѓаа во духовна темнина под комунистичките режими. Навистина, кај сите кои доаѓаа од земјите каде што беше прекинат континуитетот на православното живеење, преданието што се чуваше во Грција им предизвикуваше восхит и страхопочит, а и поттик да влеат во храмовите и да ја вкусат убавината на Православието, па оттаму да ја пренесат и во своите краишта. Во тој поглед, таа одново се јави како просветителка и како силно запалено кандило на православната вера, нагласил владиката Партениј.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img