More

    Исчезнаа зборовите „бугарски фашистички окупатор“ од споменикот во чест на Богомилскиот марш

    spot_img

    Градоначалникот на Чашка, Горан Стојановски, пријавил во полиција дека на спомен обележје над здравствена установа во Јасеново, на стариот пат кон Прилеп, со брусење е оштетен дел од текстот на плочата на споменикот за Богомилскиот марш, објави Телма.

    Полициските екипи излегле на лице место и преземаат мерки за расчистување на случајот. Инцидентот бил пријавен во 16:45, иако на социјалните мрежи и претходно имаше објави за уништувањето на споменикот.

    Од Министерство за култура за телевизијата одговориле дека споменикот не е регистриран како заштитено културно наследство, туку дека како споменично обележје за неговото одржување е надлежна Општина Чашка.

    Инаку, според Законот за меморијални споменици и спомен обележја, предвидена е казна за кривично дело со парична казна или со затвор до три години за оној што ќе оштети или ќе уништи меморијален споменик.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img