More

    „ИРД Инжинеринг“ се обврза дека Коридорот 8 ќе биде квалитетно изграден

    spot_img

    Почнува преговарачкиот процес со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ за изградба на четири автопатски делници во должина од над 120 километри на коридорите 8 и 10-д, а во текот на годинава се очекува да почнат и градежни активности.

    Управувачкиот комитет составен од претставници од институциите утре ќе одржи состанок  по што ќе стартуваат преговорите на работната група во соработка со избраниот консултант ИРД Инжинеринг и надзор за проектот со кој денеска беше потпишан договор во Владата, откако компанијата ја достави банкарската гаранција за понудата од 22 милиони евра, што ја достави на тендерот.

    –  Ќе ги вложиме сите потребни напори за изградбата на четирите делници со највисок стандард и квалитет, кои што одговараат на квалитетот на патиштата што се градат во ЕУ. Немам сомнеж дека го имаме потребното знаење и експертиза за да го завршиме проектот навреме и со висок квалитет – изјави Паоло Орсини, директор на ИРД Инжинеринг по потпишувањето на Договорот со директорот на  Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми.

    Со овој проект се планира изградба на автопатските делници: Требеништа – Струга – Ќафасан од 22,5 километри, Гостивар – Букојчани  од 30,1  километар, Тетово – Гостивар 27  километри, и делницата од Коридорот -10 д Прилеп – Битола  43,4 километри. За таа намена во буџетот на Министерството за транспорт и врски се предвидени 244 милиони евра.

    Владата минатата година потпиша меморандум со „Бехтел и Енка”, а Собранието донесе Закон за утврдување јавен интерес и негово номинирање за стратешки партнер за овој проект.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img