More

    Илчо и Елена ќе го кажат судбоносното „да“ под падините на Бистра

    spot_img

    Илчо Димитров и Елена Дуровска се избрани за идна брачна двојка која ќе се венча оваa година во црквата „Свети Апостол Павле“ во Галичник, каде по 48 пат ќе се одржи автентичната културно-сценска манифестација „Галичка свадба“.

    Свадбата годинава ќе се одржи од 15 до 17 јули , а покрај Димитров и Дуровска, истиот ден ќе се венча уште една двојка.

    – Премногу сум среќен и горд за големиот интерес на младите што се пријавија да бидат дел од продолжување на традицијата. Навистина беше предизвик да се избере двојка за настанот. Заинтересираноста на младите да се пријават како брачна двојка за оваа манифестација докажува дека традицијата и народните носии се темелот на нашиот идентитет и вредности – рече Александар Костиќ, претствник на организацискиот тим.

    Главен покровител на Галичката свадба се претседателот Стево Пендаровски и Министерството за култура.

    – Ако за странците е атракција, за нас е идентитет, адет, традиција. Искрени честитки до младите и многу среќа во заедничкиот живот. Горди сме што секоја година работиме на зачувување на оваа уникатна традиција. Ќе се видиме во Галичник кога ќе удрат тапаните на Тешкото – изјави министерката за култура Бисера Костадиноска-Стојчевска.

    После тригодишна врска младите Илчо (28) и Елена (24) решиле да ја овековечат својата љубов со тапаните и зурлите што ќе одекнуваат од убавиот Галичник.

    Младоженецот Илчо е горд галичанец по своите корени и среќен што заедно со својата избраничка ќе бидат дел од оваа убава традиција.

    – Нема година на која не сум бил дел од Галичка свадба, а последните 10 години се облекувам во носија – кажа Илчо.

    – „Низ прстен те гледам во срце да ти влезам“ е моментот што со нетрпение чекам да му го кажам на Илчо. Се чувствувам привилегирано и гордо што ќе бидам невеста на Галичка свадба – низ насмевка сподели Елена која по потекло е од селото Ростуше.

    Илчо и Елена на 3 септември ќе прават уште една свадба во ресторан во Скопје.

    – Пивара е горда што е партнер на оваа манфестација и ќе ја продолжи традицијата и ова културно наследство – истакна Марија Мининчиќ, менаџер на пивара.

    Програмата на годинешната Галичка свадба започнува со јубилејниот концерт посветен на великанот на народната песна Александар Сариевски, родум од Галичик, кому годинава му се навршуваат 100 години од раѓање и 20 години од смртта.

    Меѓу другите ќе настапат Наум Петрески, Благоја Грујовски, Светлана Јовановска, Сашо Гигов и Снежана Јовановиќ.

    – Честа е наша да се биде дел од оваа убава традиција. Свадба не е свадба без Скопско – се насмеа и додаде Марта Завкова, сениор бренд менаџерка за Скопско во Пивара.

    Ќе има и посебен сообраќаен режим и организација бидејќи се очекува да има многу посетители.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img