More

    Ибрахимовиќ ги објави условите под кои ќе остане во Милано

    spot_img

    Со Милан ја освои шампионската титула, лудо славеше со соиграчите, а потоа замина под нож. Поради ова, Златан Ибрахимовиќ (40) ќе пропушти добар дел од новата сезона, во која, според италијанските медиуми, ќе продолжи да го носи дресот на Росонерите.

    Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ (40) во следните неколку дена ќе потпише нов договор со италијанскиот гигант. Договорот ќе трае најмалку до 30 јуни 2023 година, пренесува Sky Sport Italy.

    Сепак, Златан реши да остане на Сан Сиро по свои услови и со тоа ги шокираше челниците на клубот.

    Така, легендарниот напаѓач следната сезона ќе игра за „минимум“ во однос на она што го заработуваше досега. Италијанските медиуми блиски до Милан тврдат дека Ибрахимовиќ следната сезона ќе заработува меѓу милион и еден и пол милиони евра, со бонуси кои ќе бидат врзани за бројот на одиграни натпревари, постигнати голови и можни освоени трофеи.

    Со оглед на тоа што минатата сезона Ибра имаше договор од седум милиони евра, ова е буквално милостина.

    Да потсетиме, Ибрахимовиќ на крајот на мај заврши на операција на коленото, која му правеше многу проблеми во изминатите сезони. Се очекува опоравувањето да трае меѓу шест и осум месеци и Златан да се врати на терените на почетокот на следната година.

    Затоа шведскиот напаѓач инсистираше на минимум договор, не сакаше финансиски да го оптоварува клубот за да доведе што е можно подобро засилување за новата сезона во која ќе игра во Лигата на шампионите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img