More

    И еден алкохолен пијалок дневно може да го оштети мозокот

    spot_img

    Еден пијалок на ден се смета за умерен за жените и два за мажи, но дури и овие навидум мали количини може негативно да влијаат на мозокот, покажа новото истражување спроведено од научници од Универзитетот во Пенсилванија.

    Студијата објавена овој месец покажа дека луѓето кои пијат исто количество алкохол дневно како чаша вино или пиво, во просек имаат малку помал мозок од оние кои не консумираат алкохол.

    Кога станува збор, на пример, за типичен 50-годишник, навиката да ужива во еден пијалок дневно го прави мозокот две години постар во споредба со мозокот на личност која не пие.

    Студијата опфатила 36.678 средовечни луѓе. Авторите на студијата го анализирале нивниот мозок со магнетна резонанца.

    Резултатите покажале дека поголемите количества алкохол имаат значително полошо влијание на мозокот, па така мозокот на луѓето кои консумирале два пијалоци дневно изгледал во просек 10 години постар од оние кои не пиеле.

    Авторите на студијата велат дека ваквите резултати се загрижувачки. Дури и некои од научниците кои учествувале во истражувањето го намалиле консумирањето алкохол, изјави Реган Ветерил, еден од водачите на истражувањето.

    Ветерил, доцент на Катедрата за психијатрија на Медицинскиот факултет Перелман на Универзитетот во Пенсилванија, вели дека таа самата го ограничила консумирањето алкохол на можеби една чаша за време на викендите.

    „Ни беше кажано дека е безбедно да се консумираат умерени количини на алкохол, но сега гледаме дека има севкупен ефект врз мозокот, дури и кога станува збор за само еден пијалок дневно“, вели Ветерил.

    Луѓето кои учествуваа во истражувањето беа избрани од Biobank, една од најголемите и најпознатите биомедицински бази на податоци со седиште во ОК. Базата на податоци собира здравствени податоци од стотици илјади луѓе и се користи во илјадници студии ширум светот.

    Неодамна, оваа база на податоци беше користена во истражување за намалување на волуменот на мозокот кај луѓето кои се опоравиле од Ковид-19, но сè уште не е јасно колку се сериозни овие промени и дали се долготрајни.

    Во студијата за консумирање алкохол, големината на примерокот им овозможи на истражувачите да откријат суптилни разлики кои веројатно нема да се видат на помал примерок, истакна Гидеон Нејв, уште еден од водачите на истражувањето.

    „Податоците јасно укажуваат на намалување на обемот“, рече Нејв.

    Потребно е долгорочно истражување
    Но, некои експерти, кои не учествуваа во оваа студија, предупредуваат дека разликите во големината на мозокот кај луѓето кои умерено консумираат алкохол не мора да значи дека ќе има забележлива разлика во функцијата на мозокот.

    Ања Топивала, научник од Оксфорд, смета дека треба да се направи дополнителна студија која би ги анализирала и когнитивните способности на испитаниците.

    Друго ограничување на студијата е тоа што се заснова на субјективната проценка на испитаниците за нивното консумирање алкохол во претходната година, забележува психологот Кетрин Форти, доцент на Медицинскиот факултет Харвард.

    Таа смета дека резултатите од студијата би биле порелевантни доколку проценката на консумирањето алкохол се спроведува во подолг временски период, односно во текот на животот. Како и да е, Форти смета дека резултатите од оваа студија се „извонредни“.

    Некои помали претходни студии, истакна Форти, покажаа дека еден пијалок дневно може да има корисен ефект врз мозокот, но истражувањето спроведено од Топивала и новата студија спроведена на Универзитетот во Пенсилванија покажуваат сосема различни резултати, истакна таа.

    Експертите предупредуваат дека треба да се биде внимателен со студиите кои покажуваат како една чаша вино дневно позитивно влијае на кардиоваскуларното здравје. Американското здружение за срце предупредува дека научниците се уште не докажале дека виното навистина има таков ефект.

    Всушност, може да биде токму спротивното. Единственото нешто што е сигурно е дека хроничното консумирање алкохол предизвикува зголемување на крвниот притисок, како и зголемен ризик од некои форми на рак.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img