More

    Христијан Мицкоски во Благоевград

    spot_img

    Да го поддржиме отворањето на овој клуб, да ги поддржиме нашинците, Македонците од оваа страна на границата. И да испратиме јасна порака дека ние сме Македонци кои што зборуваат македонски јазик и доаѓаат од Македонија. И за тоа во 21 век веќе не треба никој нити да има дилема, нити треба воопшто да разговара – изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски пред отворањето на клубот „Никола Вапцаров“ во Благоевград, Бугарија.

    – Треба да се почитува правото на самоопределување. А, нашето право да се самоопределиме како Македонци е неприкосновено и загарантирано со сите меѓународни акти. Затоа сме денеска тука да ги поддржиме нашите Македонци во Бугарија – рече Мицкоски.

    Македонскиот клуб во Благоевград се отвара со засилено полициско обезбедување и голем медиумски интерес. Отворањето на клубот го следат голем број бугарски и македонски новинарски екипи.

    Атанас Мазнов од македонскиот културен клуб во изјава за медиумите рече дека клубот го отвараат заради зближување на двата народа. Мазнов се надева дека како што Бугарите ќе влезат во Уставот на Северна Македонија, така и македонското малцинство во Бугарија да ги добие своите права.

    Во просториите на клубот веќе се пристигнати претставници од ОМО Илинден-Пирин, а од македонските официјални претставници пристигна генералниот секретар во Кабинетот на претседателот на државата Миле Бошњаковски. Присутeн e и лидерот на Левица Димитар Апасиев.

    Бошњаковски во изјава за медиумите рече дека дел од луѓето ги познава и дека тие биле на средба кај претседателот Пендаровски. На прашање од бугарски новинар дали имаме територијални претензии кон Бугарија, Бошњаковски одговори негативно.

    – Ве молам, не. Немам намера да давам изјави, рече Бошњаковски.

    На отворањето на клубот присуствува и грчкиот отец Никодим Царкњас, кој порача дека Бугарија не треба да се плаши од отворањето на клубот, туку напротив со ова треба да покаже дека е вистинска, демократска и европска држава.

    – Во Грција направивме друштво со името на Крсте Мисирков и денес работиме слободно, нема никој против. Кога отидовме во судот, не ни рекоа што име е ова – Крсте Мисирков. Три години работиме. Затоа и Бугарија не треба да се плаши од овој клуб што денеска се отвара, истакна Царкњас во изјава за медиумите.

    Наспроти македонскиот клуб, во организација на ВМРО – Бугарско национално движење отворена е изложба со бугарското знаме и слика од цар Борис Трети и дел од македонските револуционери меѓу кои Гоце Делчев и Јане Сандански проследена со гласна музика. ВМРО-БНД најави и протест, кој ќе се одржи во центарот на градот, подалеку од објектот во кој се отвора клубот „Никола Вапцаров“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img