More

    Хорор во Берлин: Во езерото пронајдени тела на жена и дете

    spot_img

    Во езерото Вајсензе во Берлин вчера попладне беа пронајдени тела на жена и дете. Според соопштението на полицијата, телата биле откриени околу 16 часот и 30 минути. Случајните минувачи биле шокирани кога ги виделе телата и повикале полиција и брза помош.

    Засега не се знае што точно се случило со жената и детето. Одделот за убиства на полицијата во Берлин започна истрага. „Берлинер Моргенпост“ пишува дека за време на викендот полицијата неколку пати одела да интервенира на езерото Вајсензе бидејќи луѓето излегле на замрзнатото езеро и се лизгале, што не е дозволено, пишува Index.hr.

    Но, во овој случај, причината за смртта не била несреќа на мразот.

    „Дефинитивно можеме да ја исклучиме поврзаноста со лизгање на мраз“, изјави портпаролот на берлинската полиција.

    Од полицијата за Тагесшпигел изјавиле дека според состојбата во која се пронајдени телата, можно е долго време да биле во вода. Засега нема знаци дека се работи за убиство, а полицијата не ја исклучува можноста мајката да го убила детето и себе.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img