More

    Гвардиола по победата: „Јас сум генијалец“

    spot_img

    Во 19. коло од домашното првенство Манчестер Сити оствари важна победа на исклучително тешкото гостување во Лондон.

    Нешто повеќе од еден час Челзи беше преплавен од нападите на гостинскиот тим, но во 63. минута по асистенција на Џек Грилиш, Ријад Махрез ја смести топката во мрежата, што беше доволно за нова победа на Граѓани и три бода со кои уште повеќе му се доближија на Арсенал на врвот на табелата.

    Грилиш и Махрез го започнаа натпреварот на клупата за резерви, но шансата ја добија уште на стартот на вториот дел и ја искористија на вистински начин. Пеп Гвардиола не го криеше ентузијазмот за победата, нивната игра и неговата одлука.

    „Јас сум гениј. По Евертон ме прашаа зошто не направив никакви промени до 81. минута. Размислив за тоа и направив неколку промени денес. Можевме да загубиме, но сега имаме добра ситуација и заостануваме само пет бода. Имаме три бода помалку за играње“, изјави Гвардиола по натпреварот.

    Сити и Челзи повторно ќе се сретнат овој викенд, но во ФА Купот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img