More

    Груби негира дека ќе има реконструкција во Владата

    spot_img

    Во моментов имаме 74 пратеници кои ќе гласаат за уставни измени во функција на нашите евроинтеграции, а тие 6 пратеници ќе ги обезбедиме и ќе имаме двотретинско мнозинство за отворање на Уставот, изјави првиот вицепремиер Артан Груби синоќа за ТВ 21.

    Тој негираше дека ќе има мини-реконструкција на Владата, односно менување на четири министерски позиции, за што се шпекулира деновиве откако министерот Горан Милевски од ЛДП најави дека денеска ќе поднесе оставка.

    – Шестмината ќе ги најдеме во проевропскиот дел на опозицијата, каде тој европски дух е во растеж и тоа е очигледно. На кого мислам? На македонската опозиција. Дали мислам на пратеници на ВМРО? Македонската опозиција не е само ВМРО. Мислите дали ќе добиеме гласови и од Левица? Па таму во опозицијата имате и други политички партии во рамките на ВМРО-ДПМНЕ. Ја имате Социјалистичката партија, ја имате српската партија, ја имате ромската партија, имате други партии, има и независни пратеници – рече Груби.

    На прашањето дали со оставката на Милевски се отвори патот и за мала реконструкција на Владата, тој вели:

    – До овој момент не сум запознаен дека ќе има некаква реконструкција на владата освен оставката на Горан Милевски. Немало разговори во владата за такво нешто. Нема планирани промени, не само во владата туку и на директорските места.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img