More

    Грчките пожарникари имаа тешка ноќ, пожарите беснеат во Антика, Лутраки и на Родос

    spot_img

    Пожарникарите трет ден продолжуваат да се борат со пожарите во Грција на три главни фронта, кои се уште горат во западна Атика, Лутраки и Родос.

    Ноќта беше особено тешка во сите три области, а утрово воздушните средства повторно беа вклучени во борбата со огнената стихија, пренесува „Катимерини“.

    Како што соопшти претставникот на Противпожарната служба, Василис Ватракојани, на три главни фронта дејствуваат противпожарните сили, односно пет авиони и осум хеликоптери се распоредени во западна Атика, четири авиони и три хеликоптери во Лутраки и три авиони и три хеликоптери на Родос.

    Најтешка е состојбата во Дервенохорија, каде пожарот кој во текот на ноќта беше насочен кон Влихада, се уште е активен, бидејќи и покрај големите напори, пожарникарите се соочуваат со постојани разгорувања и промени во правецот на огнот.

    Заменик-градоначалникот за цивилна заштита, Панајотис Коловенџос, соопшти дека изгореле неколку куќи во населбата Неа Зои, додека пожарот опасно се приближил до центарот на Мандра.

    Пожар започнал и кон рафинерискиот комплекс „Коринт“, каде што биле испратени авиони и хеликоптери за гаснење.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img