More

    Граѓани почнаа да се собираат пред Бакингемската палата во знак на поддршка

    spot_img

    Граѓани денеска почнаа да се собираат пред Бакингемската палата во Лондон, откако лекарите на британската кралица Елизабета Втора изразија загриженост за нејзиното здравје.

    Неколку десетици Британци и туристи се собраа на дождот, загрижени за здравјето на кралицата (96), која престојува во замокот во Балморал во Шкотска.

    Британската телевизиска мрежа Би-Би-Си објави дека нејзиниот внук, принцот Вилијам пристигнал во Шкотска заедно со неколку членови на кралското семејство.

    Во соопштението на кралската палата, кое предизвика длабока загриженост во јавноста, се наведува дека по прегледите утринава лекарите одлучиле кралицата да остане под медицински надзор.

    Американскиот претседател Џо Бајден и неговата сопруга Џил „во мислите се со (британската) кралица (Елизабета Втора) и нејзиното семејство“, изјави денеска портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби.

    Во телефонски разговор со неколку светски лидери, вклучително и британската премиерка Лиз Трас, американскиот претседател дал до знаење дека „многу мисли на кралицата и народот на Обединетото Кралство“, рече Кирби. Тој истакна дека Бајден е редовно информиран за ова прашање.

    Канадскиот премиер Џастин Трудо и посака брзо закрепнување на британската кралица. „Моите мисли и мислите на Канаѓаните во целата земја сега се со нејзиното височество кралицата Елизабета Втора. И посакуваме брзо закрепнување и ги испраќаме нашите најдобри желби до кралското семејство“, напиша Трудо на Твитер.

    Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен рече дека нејзините „мисли“ се со Елизабета Втора и ја пофали нејзината храброст.

    – Таа ја претставува целата историја на Европа – нашиот заеднички дом со нашите британски пријатели… Таа е легенда во моите очи и затоа моите молитви се со неа – рече Фон дер Лејен на прес-конференција во Ротердам.

    Претходно Би-Би-Си ја прекина редовната програма за да известува за здравствената состојба на 96-годишната кралица.

    За сериозноста на ситуацијата укажува и тоа што веќе се информирани сите пратеници од двата дома на британскиот парламент, но и членовите на новоизбраниот кабинет на новата премиерка Лиз Трас.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img