More

    Годинава беа затворени дури 533 новинари, најмногу досега

    spot_img

    533 новинари во затворите ширум светот во 2022 година, 40 повеќе од една година порано (488), кога веќе беше забележано историско високо ниво, според годишниот извештај на Репортери без граници (РСФ) објавен во средата.Бројот на загинати новинари (57), пред се поради војната во Украина, исто така се зголемува во споредба со 2021 година (48) и 2020 година (50).Повеќе од половина од затворените новинари во светот на 1 декември се во овие пет земји: Кина (110), Мјанмар (62), Иран (47), Виетнам (39) и Белорусија (31).

    Иран е единствениот кој минатата година не се најде на таа „црна листа“, посочува невладината организација која го објавува годишниот извештај од 1995 година.

    Всушност, од почетокот на протестите во септември, Исламската Република затвори голем број медиумски работници „невидени“ во последните дваесет години.

    Триесет и четворица нови новинари им се придружија на тринаесеттемина кои уште пред протестот беа зад решетки. „Диктатурата и авторитарните режими забрзано ги полнат затворите со новинари“, предупреди Кристоф Делоар, генерален секретар на невладината организација за заштита на слободата на медиумите.

    Годинава има 78 затворени новинари, најмногу досега, а лани 60. „Меѓу затворениците сега речиси 15 отсто се новинарки, а пред пет години имаше 7 отсто“, велат од РСФ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img