More

    Германски синџир на стоковни куќи објави стечај

    spot_img

    Германскиот синџир на стоковни куќи Галерија Карштад Кауфхоф објави дека поднеле барање за стечај, укажувајќи на колапсот на нејзиниот сопственик, австриската групација за недвижности Сигна, во услови на сѐ поголема криза на европскиот пазар на недвижности. Сигна во моментов е најголемата жртва на кризата на европскиот пазар на недвижности.  Австриската групација прогласи банкрот на крајот на ноември минатата година во услови на зголемени камати во еврозоната и високи трошоци за изградба.

    Само неколку дена претходно, Европската централна банка (ЕЦБ) предупреди дека зголемените каматни стапки во еврозоната и намалената профитабилност на секторот за комерцијални недвижности во наредните години би можеле да го доведат во прашање обновувањето на заемите и да ги изложат банките на ризик.

    Цените на комерцијалните недвижности во Европа паѓаат поради слабата економија и високите каматни стапки и претставуваат предизвик за профитабилноста на секторот и деловниот модел, заклучува ЕЦБ во извештајот за финансиската стабилност.

    Стечајот на сопственикот го потресе и германскиот синџир на стоковни куќи, бидејќи веќе не можеше да смета на најавените 200 милиони евра, па во вторникот прогласи банкрот по трет пат во последните неколку години. Во 2020 година, тие беа оптоварени од пандемијата, а во 2022 година од инфлацијата и зголемените трошоци за енергија.

    „Неликвидноста на голем број компании од групацијата Сигна нанесува огромна штета на Галерија“, се вели во соопштението на компанијата.

    Сигна вклучува околу илјада компании и е сопственик на облакодерот Крајслер во Њујорк и косопственик на стоковната куќа Селфриџис во Велика Британија. Покрај Галерија Карштад Кауфхоф, неговото портфолио вклучува и бројни други комерцијални имоти во Германија и во Австрија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img