More

    Германската канцелар: Ризикот од употреба на руско нуклеарно оружје е намален

    spot_img

    Ризикот рускиот претседател Владимир Путин да користи нуклеарно оружје во војната во Украина е намален како одговор на меѓународниот притисок, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц во интервју објавено во четвртокот.Во интервјуто за медиумската група „Функе“ по повод неговата прва година на функцијата, Шолц рече дека војната продолжува со „ненамалена бруталност“, иако едно нешто засега е променето.

    „Русија престана да се заканува дека ќе користи нуклеарно оружје. Како реакција на црвената линија што ја означи меѓународната заедница“, додаде Шолц, со порака дека и покрај длабоките поделби, важно е да продолжи дијалогот со Кремљ.

    Путин во средата рече дека ризикот од нуклеарна војна расте, но инсистираше на тоа дека Русија не „полудела“ и дека сопствениот нуклеарен арсенал го гледа како чисто одбранбено одвраќање.

    Медиумската групација „Функе“ соопшти дека интервјуто со Шолц е направено во понеделникот, а цитатите биле одобрени во средата попладне.

    Шолц оцени и дека Путин морал да ја прекине војната, но дека потоа ќе биде подготвен да разговара со Русија за контрола на оружјето во Европа, додавајќи дека тоа било понудено уште пред војната.

    Бранејќи ја поддршката на Германија за Украина, за која критичарите во Киев и на други места во Европа велат дека е премногу воздржана, Шолц рече дека Германија е еден од најголемите поддржувачи на Украина после Соединетите држави.

    „Правиме се што можеме за да спречиме директна војна меѓу Русија и НАТО. Таквиот конфликт би имал само губитници низ целиот свет“, додаде Шолц, кој очекува најголемата европска економија добро да ја преброди зимата и да остане силна и успешна индустриска нација, а истовремено да ја намали својата зависност од руската енергија.

    „Сега ги носиме потребните одлуки за да станеме независни на долг рок. Од 2045 година наваму сакаме да бидеме целосно климатски неутрални и да ја произведуваме нашата енергија целосно без природен гас, јаглен или нафта“, нагласи тој.

    На прашањето дали повторно ќе се кандидира за канцелар на следните избори, тој рече „секако“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img