More

    Германија нема дилема за налогот за апсење на Путин

    spot_img

    Ќе го уапсиме претседателот на Русија Владимир Путин доколку стапне на германска територија – изјави германскиот министер за правда Марко Бушман за весникот Цајт.

    – Очекувам дека Меѓународниот кривичен суд (МКС) наскоро ќе стапи во контакт со Интерпол, како и со земјите-членки, и ќе побара од нив да ја спроведат наредбата. Тогаш Германија ќе има обврска да го уапси претседателот Владимир Путин кога ќе пристигне на германска територија и да го предаде пред Меѓународниот кривичен суд – рече германскиот министер.

    Тој додаде дека барањата на Меѓународниот кривичен суд ќе бидат спроведени доколку „Путин стапне на територијата на Германија“, бидејќи Германија ја признава јурисдикцијата на судот.
    Претходно Советот на Меѓународниот кривичен суд во Хаг, чија јурисдикција Русија не ја признава, издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин и детскиот правобранител Марија Лавов-Белова.

    Во соопштението на судот се наведува дека Путин е „одговорен за воено злосторство, илегална депортација на населението (децата) и незаконско преселување на население од окупираните територии на Украина во Руската Федерација“.

    Американскиот претседател Џозеф Бајден одлуката на МКС ја нарече „оправдана“.

    Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова оцени дека сите одлуки на Меѓународниот кривичен суд за Русија се ништовни од правен аспект.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img