More

    Генсекот на Скопје повеќепати е пријавен за семејно насилство

    spot_img

    Наместо да зборуваме за проекти и промени, за жал денес пред јавноста треба да презентираме скандалозни сознанија на кои Зоран Глигоров, Секретарот на Град Скопје треба да даде одговори. Пред само два дена од медиумите бевме запознаени дека Генералниот секретар на Град Скопје, Зоран Глигоров, претходно шеф на кабинетот на градоначалничката Данела Арсовска, се пресметувал со обезбедувањето во институцијата, а засега не се познати причините за инцидентот. Воедно, согласно нашите информации станувало збор за насилно однесување и конфликт со лице вработено во Градот Скопје. До денес, од страна на Глигоров нема ниту демант, ниту потврда на ваквите информации, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна Емилија Ангелова од ВМРО-ДПМНЕ.

    – Но, она што е навистина вознемирувачки е што нашите информации говорат дека ова не е прво и единствено насилно однесување на секретарот на Градот Зоран Глигоров. Имено, очекуваме јавноста да добие одговор дали е точно дека според евиденцијата на МВР дека Зоран Глигоров бил пријавуван за семејно насилство? Воедно, дали на 25.06.2007 година е пријавен Глигоров за тешка телесна повреда врз женско лице со иницијали Л.Г нанесени преку повеќе удари и изненаден напад, Второ, дали на 12.03.2017 година е пријавен Глигоров за нанесување на телесна повреда при вршење на семејно насилство врз Љ.Г. преку повеќе удари и изненаден напад? Ова се навистина сериозни информации кои треба да бидат одговорени пред јавноста затоа што доколку ова е точно тогаш претставува сериозен проблем. Како современи политичари секојдневно сме исправени пред голем број на предизвици каде се бара јасно и разбирливо презентирање на своите политички убедувања и цели, но наша, примарна цел за спречување и борба против насилството во секоја форма и врз секого е да предизвикаме промени на индивидуално, институционално и структурно ниво – вели Ангелова.

    Таа додава дека очекуваме Глигоров да одговори на овие сознанија и институциите да постапат согласно информациите кои ги поседуваат. Воедно ако се покаже ова за вистина бараме негово разрешување. Ниту еден човек кој бил пријавуван за семејно насилство не смее да биде лицето на институција.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img