More

    Француската амбасадорка во Софија не знае зошто Скопје гледа промена во документот

    spot_img

    Вчерашниот предлог на Франција до Бугарија и Република Северна Македонија за решавање на спорот е идентичен со првичниот што беше изгласан во бугарскиот парламент. Ова го изјави француската амбасадорка во Бугарија, Флоренс Робин, јавува БГНЕС.

    – Тој (предлог) не се разликува од првиот и целосно ги штити правата на малцинствата во државата, вклучително и на Бугарите. Документот е идентичен со првиот, веќе изгласан во бугарскиот парламент и нема потреба од ново разгледување во Софија – изјави дипломатот за Еуроњуз и нагласи дека „Париз не вршел притисок врз Бугарија во спорот“.

    – Документот го задржува духот на претходниот договор, кој бугарскиот парламент веќе го изгласа и нема потреба повторно да се разгледува. Ова е компромисен предлог. Не го ревидира, туку го рафинира од претходниот документ. Воспоставивме рамка за добрососедство во односите меѓу двете земји и тоа ја потврдува посветеноста на Северна Македонија за заштита на правата на малцинствата во заедницата – рече Флоренс Робин.

    Амбасадорката се прашува зошто Скопје тврди дека таканаречената втора верзија на францускиот предлог е подобра од првата. Таа беше категорична дека токму ЕУ ќе биде гарант за исполнување на условите од страна на Македонија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img